Познатиот ирски пивски бренд Guinness лансираше нова летна кампања насловена “Lovely Day For a Guinness” („Прекрасен ден за Гинис“), со која покажува колку всушност Ирците го сакаат летото!
Главниот спот на кампањата започнува со група пријатели кои ја поместуваат масата во некоја летна бавча за да бидат на сонце, што потоа се претвора во спонтана авантура низ должината и ширината на цела Ирска во обид секогаш да се остане на сонце, притоа уживајќи во чаша Гинис, се разбира.
„Ние сме многу горди што ја споделуваме оваа нова Гинисова реклама, која доловува летно чувство како ниедно другу преку кремастата, ладна чаша Guinness. Многу сме возбудени што Guinness ќе бранува летово со оваа кампањата“ – истакнува Жанет Левис, маркетинг менаџер во Diageo, матичната компанија на брендот Guinness.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција AMV BBDO и продукциското студио Spindle.
„Идејата се засноваше на вистината што (речиси) сите ја споделуваме – кога сенката ќе стигне, ние се движиме на сонце. Навистина кратка, но забавна работа со одличен тим“ – додава Алиша Клиф, арт директорка во AMV BBDO.