Омниковата OMD Worldwide осми пат по ред е прогласена за најкреативна мрежа на медиа агенции во светот според Gunn Report For Media.
Извештајот ги следи достигнувањата на медиа агенциите низ бројните натпреварувања од типот на Cannes Media Lions и преку својот бодовен систем ги рангира најуспешните компании и адвертајзери за својот креативен медиа настап.
Ксенија Латковиќ Кoзарац, директорката на OMD Хрватска по повод овој успех, ни изјави : “Доследниот пристап во решавањето на комуникациските предизвици и гарантираниот квалитет се заеднички карактеристика на сите OMD тимови во светот па така и во Хрватска, каде агенцијата работи од 2006 година. Заедно со неодамна освоеното признание на весникот AdWeek за глобално најдобра медиска агенција во 2013 година, осмата по ред потврда од Gunn Report ни дава дополнителна причина за оптимизам во уште една бизнис година во која ќе направиме се за да го продолжиме овој успешен низ. Пред се, за ваквите успеси мораме да им се заблагодариме на нашите клиенти кои ја препознаваат нашата работа и не поддржуваат во остварувањето на наградените медиски решенија“
Според Gunn Report For Media извештајот, OMD Worldwide постигна 367 поени завршувајќи прва пред Starcom која имаше 326 поени и WPP-евата Mindshare која беше трета со 319 поени.
Признанието адвертајзер на годината замина кај McDonald`s, кој заврши прв со повеќе поени од Coca-Cola и Samsung.