Harvey Nichols повторно во голем стил ја изненадуваат пошироката јавност со своето огласување, па така во најновиот прин оглас под назив “Dead Rare“ зедоа необична, ретка и загрозена врста на птици како би го претставиле својот уникатен ѓердан од танзанит и дијаманти.
Фактот што “модел“ за овој ѓердан е токму загрозен вид на птица – ја нагласува вредноста и реткоста на овој накит.
Кампањата направена од агенцијата Adam&Eve DDB ја промовира колекцијата на луксузен накит која се продава во Knightsbridgeu, а со својот дух потсетува на познатиот стил на разиграни и провокативни проекти од Harvey Nichols.
“Dead Rare” се надоврзува на минатогодишната “Britalia“ камапања и огласите со 100-годишниот модел Bo Gilbert, кој се појави во посебното издание на магазинот Vogue по повод нивната 100-годишнина.