Компанијата производител на автомобилски гуми, Мишелин (Michelin) ја избра агенцијата Хавас Медиа (Havas Media) за својата глобална медиска агенција. Договорот влезе во сила од јули 2017 година, а вредноста на рекламните буџети изнесува околу 100 милиони долари.
Хавас Медиа ќе биде одговорна за сите активности поврзани со медиско купување и медиа планирање, за различни пазари низ светот меѓу кои и Бугарија, САД, Мексико, Канада, Франција, Шпанија, Германија, Велика Британија, Кина итн..
Мишелин се присутни во 170 земји и имаат 111 700 вработени. Централата на компанијата е во Крелмон-Феран, Франција. Вкупно имаат 68 производствени линии во 17 држави низ светот и во 2016 година произвеле над 187 милиони гуми.
Во Македонија во моментов нема агенцијата која има склучено договор за франшизи ниту со Havas Media, ниту со Havas Worldwide или Havas PR.