Дојде лето. Сакате да одите на плажа или на пикник. Ладното пиво е задолжително. Меѓутоа, носењето на тежок ладилник со раце може да биде навистина заморно, особено на топлите температури. Хајнекен има решение – автономен робот кој ве следи насекаде и го носи ладното пиво за вас!
Наречен Beer Outdoor Transporter, односно B.O.T., роботот има четири мали и две големи тркала, повеќе сензори, мозок со вештачка интелигенција и способност да носи десетина лименки пиво во мраз.
Автономниот уред функционира како дроидите во филмовите (на пример R2D2 во Star Wars) – оди насекаде по вас како домашен миленик, но предноста на овој робот е тоа што е секогаш тука кога ви треба ладно пиво!
За жал, роботот нема да може да се купи во слободна продажба, туку од 1 јули заинтересираните ќе можат да се пријават преку специјален веб-сајт за можност да го добијат својот сопствен носач на пиво.