Новата кампања на пивскиот бренд Heineken за безалкохолната верзија “0.0” покажува дека алкохолот не е секогаш причина за глупавост.
Триото на реклами, создадени од Publicis Italy, прикажуваат луѓе кои го пијат новото пиво во ситуации каде што не би се очекувало да има алкохол. Откако ќе се соочат со погледи на неодобрување, секој од протагонистите самоуверено со прстот покажува на етикетата на шишето – пред да биде откриено дека нивната „публика“ всушност гледа како тие се посрамотуваат на начин кој не е поврзан со изборот на пијалок.
По емитувањето на првата реклама “Now you can: parking”, следуваа и “Now you can: locker room” и “Now you can: presentation”. Рекламите се осмислени и реализирани од Бруно Бертели, Кристијана Бокасини, Марко Вентурели и Лука Кинкепалми и режирани од страна на “The Bobbsey Twins from Homicide” преку Blink Productions.
Heineken 0.0 се наоѓа на првото место на безалкохолни пивски брендови кои ги зголемија своите напори во насока на маркетингот оваа година. Според податоци на Nielsen, тој е најбрзорастечкиот безалкохолен пивски бренд во Обединетото Кралство.
Од Heineken истакнуваате дека целта на кампањата е да „изгради позитивни асоцијации“ околу безалкохолното пиво и да го направи „кул“.
„Како пионерска пивара, ние сме посветени на промовирањето на нашите иновативни производи, создавајќи кампањи кои излегуваат во пресрет на потребите на потрошувачите. Сведоци сме на феноменален раст на нискоалкохолните и безалкохолните пива во последно време и кампањата “Now you can” ни овозможува да ги искомуницираме сите различни ситуации во кои може да се ужива со Heineken 0.0“, додаваат од компанијата.