Дали некогаш сте посакале набрзина да го разладите вашето пиво, но не сакате да го разредите со коцки мраз? Епа, Heineken во азиската држава Лаос можеби го надмина тој проблем, создавајќи сопствени замрзнати ѕвезди од пиво кои се топат двојно побавно од обичниот мраз.
Оваа иновација, создадена во партнерство со креативната агенција Wunderman Thompson Thailand, користи нова технологија за производство на пивски мраз во форма на ѕвезди што се 20% поладни од вообичаените коцки вода.
Трансформирањето на пивото во мраз не е толку едноставен процес како што е тоа со водата. Имено, постојат неколку фактори кои треба да се земат предвид при замрзнувањето на пивото – вклучувајќи ја неговата содржина на алкохол, како се чува и температурата на која се чува.
Меѓутоа, Heineken разви нова техника на замрзнување која му дозволува на пијалокот веднаш да замрзне на -35°C без да се компромитира неговиот вкус. На тој начин, компанијата им овозможува на своите фанови конечно да уживаат во пиво со мраз!