За прв пат во својата 150-годишна историја, Heinz лансираше унифицирана глобална бренд-платформа, насловена “It has to be Heinz” („Мора да биде Heinz“), истакнувајќи ја „ирационалната љубов“ што обожавателите ја имаат кон брендот.
Преку „љубовна песна“ до фановите, креативната кампања го илустрира неспоредливиот жар што го имаат генерациите на гурмани кога станува збор за Heinz, објаснувајќи како сè – од нивниот препознатлив кечап до разните сосови и конзервирани јадења – мора да бидат Heinz!
Кампањата исто така ќе ги споделува приказните на нивните супер-обожаватели, кои меѓу останатото го тетовирале името на брендот, носат пакетчиња сосови во своите чанти, па дури се обиделе и да прошверцуваат конзерви грав покрај аеродромското обезбедување.
„Додека сакавме да го обединиме брендот под една глобална платформа, навлеговме во светот на нашите фанови и откривме дека сите тие споделуваат една работа: ирационалните потфати што ги прават за производите на Heinz“ – објаснува главната диреткорка за развој на компанијата, Дијана Фрост.
Глобалната бренд платформа на Heinz е создадена во соработка со креативната агенција Wieden+Kennedy.