Home » Во фокусот » Her Oscar – движење кое бара еднаква застапеност на половите при номинација на филмовите за Оскар

Her Oscar – движење кое бара еднаква застапеност на половите при номинација на филмовите за Оскар

Само 4% од филмовите наградени со највисоки почести во изминатите 13 години се во режија на жени, а тие се недоволно застапени на сите нивоа, со само 22% од продуцентите, 11%  од сценаристите, 7% од режисерите и 1% од композиторите

Движењето #MeToo глобално станува се` посилно и се` повеќе жени преземаат одговорност и вистински чекори за да стават крај на дискриминацијата и сексуално вознемирување во индустријата. Се разбира, во тоа помагаат и други иницијативи, како што се “Free the Bid“, а најновиот чекор во оваа борба е направен на последното доделување Оскари.

Беше лансирано движењето „Her Oscar“ или “Нејзиниот Оскар”, кое бара еднаква родова застапеност во овие награди. Движењето укажува на тоа дека само 4% од филмовите наградени со највисоки почести во изминатите 13 години се во режија на жени, а тие се недоволно застапени на сите нивоа, со само 22% од продуцентите, 11%  од сценаристите, 7% од режисерите и 1% од композиторите . Движењето додава дека и оние кои успеваат, треба да се борат со помал број на улоги, помалку време на говор на екраните, како и проблеми со добивање на повисоки позиции, а тука и е постоечката неправедна разлика во платата меѓу половите.

Самата страница HerOscar.org содржи петиција со која се бара од Академијата за филмски науки и уметности, да се номинираат филмови во кои жените се застапени со најмалку 50%, било на екранот или зад камерата. Во спотот прикажан по повод Оскарите, Анџелина Џоли зборува за нееднаквоста во филмската индустрија, а потоа гледаме Оскар статуетка со женски облик и порака дека секој глас треба да се чуе.

Her Oscar не е само женска верзија на познатите награди, таа е победник, таа е силна жена, симбол на еднаквоста и нов облик кој ќе започне разговори.  Таа е можност за правична, еднаква и разновидна филмска индустрија, каде што двата пола може да бидат протагонистите на приказната и во која можат да бидат подеднакво наградени “, се наведува во описот на кампањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365