На социјалните мрежи се појави реклама која рекламира многу нестандардни услуги – HETERO HOME. Се нуди, на пример, отстранување на ЛГБТК + деталите од станот или изнајмување актер во улога на дечко/девојка за потребите на семејните собири. Наскоро беше откриено дека станува збор за услуга за уредување станови која наместо вас на дискретен начин за само 45 минути успева да се справи со уредување на просторот и го прави поприфатлив за оние кои доаѓаат во посета. И тогаш е откриено дека услугата е лажна! За што всушност станува збор?
„Не постои нешто како Hetero Home. Не мора да го живеете животот преправајќи се дека сте хетеро. Вашиот дом е место каде што треба да се чувствувате безбедни за да бидете тоа што сте“, се пораките на кампањата креирана по повод Меѓународниот ден на излегување (денот кога се слави симболичното излегување од плакарот, односно објавувањето на сопствената сексуалност и родов идентитет и сексуални карактеристики), кој се обележува на 11 октомври.
Не станува збор за платформа чија цел е дискриминација или омаловажување или навреда некого, туку кампања за промовирање еднаквост во општеството.
Голем дел од членовите на ЛГБТ + популацијата не чувствуваат доволно слобода да зборуваат отворено за својата сексуална ориентација и ги кријат своите партнери и живот со нив од очите на родителите и пријателите. Организацијата “Да се знае“ и агенциите McCann Белград, UM Белград и Drive, креираа кампања посветена на Меѓународниот Coming Out Day со цел борба против стереотипите и предрасудите и поттикнување дијалог за еднаквост.
„Со големо задоволство ја прифативме поканата на нашите партнери од организацијата “Да се знае“ да креираме кампања по повод Меѓународниот ден на излегувањето, датум важен за ЛГБТ + заедницата. Како и секогаш, најдобри сме кога сме заедно, така што оваа кампања беше смислена и креирана во соработка со агенциите McCann Белград, Drive и UM Белград. Комбиниравме креативна, дигитална и медиумска стратегија со цел да го најдеме најдоброто можно креативно решение и за многу кратко време да ја активираме јавноста да учествува во еден несекојдневен дијалог.
Имагинарниот Hetero Home беше лансиран на социјалните мрежи и веб, како услуга која нуди „хетеризација“ на приватниот простор. Пораките беа креирани со сатиричен тон, на границата на комуникација, па ни остави простор да се запрашаме дали ваквата нечуена услуга е возможна или невозможна. За само 48 часа, имаше динамична дискусија на социјалните медиуми за правото да се биде свој. Испитувањето на можностите на модерниот медиумски простор е секогаш предизвик за нас. Веруваме дека Hetero Home експериментот, како и кампањата за Меѓународниот Coming Out Day, го фокусираа вниманието на јавноста на положбата и целите на ЛГБТ + заедницата и претставуваат чекор поблиску до еднакви права за сите луѓе“, објаснува Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор во агенцијата McCann Белград.
„Излегувањето од плакарот“ е еден од најважните моменти во животот на секоја ЛГБТ + личност. Сакавме да ги инспирираме и да ги поттикнеме луѓето да “излезат“и да бидат она што навистина се. На овој начин го делиме товарот на хомофобијата и трансфобијата и стануваме посилни. Кампањата е уште една одлична соработка со McCann и горди сме што имаме такви сојузници“, вели Александар Савиќ од организацијата “Да се знае“.
Прославете го Coming out day со тоа што ќе бидете свои, излезете!