H&M, нова дестинација за шопинг!
По неверојатниот успех на претходните две продавници во Скопје, од популарниот моден бренд со големо задоволство го најавуваат и скорешното отворање на нивната трета продавница во месец март. Таа ќе биде сместена во самото срце на Skopje City Mall, нудејќи уникатно искуство за шопинг.
Оваа нова експанзија ја покажува посветеноста на компанијата да им обезбеди на своите ценети клиенти во Македонија уште поудобен пристап до нивните производи и услуги. H&M ќе понуди модна инспирација за целото семејство на површина од дури 1.477 m2.
„За нас во H&M, задоволството на клиентите секогаш било и останува наш приоритет Одлуката за отворање на трета продавница во Скопје е резултат на позитивниот одговор и верноста што ја демонстрираа нашите клиенти. Со посветеност на квалитет и услуга на клиентите, успешно го проширивме нашето присуство, а нашата нова продавница во Skopje City Mall е доказ за нашиот раст и доверба на клиентите“ – истакнуваат од H&M.
Работните часови ќе бидат од понеделник до сабота, од 10:00 до 22:00 часот, а во недела и празници од 10:00 до 20:00 часот.