Откако многу продавници за модни брендови беа принудени да затворат, компанијата H&M доживеа 50% пад на продажбата во текот на првото тромесечие
Првично, беше планирано да се затворат 130 продавници, но плановите се променија и тој број се зголеми, бидејќи продажбата продолжува да паѓа, пишува Good Morning America.
„COVID-19 продолжува да влијае на луѓето, заедниците и компаниите ширум светот. Постои голема посветеност и упорност на нашите вработени во ова многу тешко време.
Безбедноста на нашите вработени и купувачи останува наш најголем приоритет и ги отворивме нашите продавници во согласност со одлуките на надлежните органи“, изјави Хелена Хелмерсон, извршниот директор на H&M.
Пред пандемијата на корона вирусот да го погоди светот, брендот H&M постигна добри резултати, рече таа.
„Тоа е резултат на долгогодишното инвестирање со цел да создадеме најдобра понуда за нашите клиенти и да ги запознаеме со дигиталниот исчекор во индустријата. Сепак, ние се бориме против негативните ефекти на коронавирусот и сигурна сум дека ќе излеземе посилно од сегашната криза“, порача Хелмерсон.
И покрај тоа што нето продажбата е намалена, онлајн продажбата на модниот гигант се зголеми за 36 проценти, а компанијата објави дека ќе има промени, бидејќи поголем фокус ќе биде ставен на е-трговијата.