Минатата ноќ, 13 ноември, H&M се смести во Париз, во легендарниот епицентар на ноќниот живот, YOYO, во Палатата на Токио, за да ја прослави новата празнична капсулна колекција на H&M Studio. Гостите, меѓу кои Мона Тугард, Алекс Консани, Наилеа Девора, Алва Клер, Арка, Оливиа Неил и Паола Локатели, пристигнаа на ретката ноќ за паметење, сите облечени во капсулната празнична колекција на H&M Studio, која ќе излезе во продажба на 21 ноември.
Синоќешниот настан го означи францускиот момент од светската серија настани со кои се прославува визијата на H&M за иднината на модата. Француската суперѕвезда Исеулт одржа незаборавен настап во живо, носејќи ги светските изведувачи Пабло Витар и Севдализа на сцената, со нивниот хит Алиби. Ноќта продолжи со екстравагантна изведба на рап иконата OFFSET, со некои од неговите најголеми хитови. Гостите, исто така, уживаа во диџеј сетови од SG Lewis, Salute и Kampire.
„Ми се допадна што оваа неверојатна ноќ беше отворена за сите. Публиката гореше. И да настапувам со моите девојки, Севдализа и Пабло во Париз – тоа беше посебен момент“ – Исеулт.
YOYO, дестинација за ноќен живот изградена во поранешните аудиториуми на познатата Француска кинотека, беше трансформирана во извонреден, сензорен клубски простор, за гостите да ја прослават капсулната празнична колекција на H&M Studio, пред нејзиното објавување.
„Париз оживува во ноќта! Да се биде овде, во градот на светлата, со Yseult и OFFSET и со многу други неверојатни таленти и пријатели, сите облечени во празничната капсулна колекција наH&MStudio, беше радост. H&M е зближување на луѓето и овој настан беше навистина незаборавен момент” – Катрин Дојч, дизајнер, H&M Studio.
Колекцијата H&M Studio Holiday Capsule нуди модернизиран изглед на вечерната гардероба. Таа е самоуверена, празнична и строго современа. Колекцијата, оваа сезона, претставува контраст помеѓу класичното кроење и елегантните фустани, за да создаде интеракција помеѓу мажественоста и женственоста. Острите линии на колекцијата се акцентирани со лакирани украси и извонредни, карактеристични детали, за да се долови визијата за стил, кој е истовремено елегантен и самоуверен.
Настанот беше дел од светската програма на настани за славење на визијата на H&M за минатото, сегашноста и иднината на модата. Други модно-музички настани се одржаа во останатите престолнини ширум светот, од Лондон до Берлин, при што секој се темели на уникатниот карактер и култура на градот-домаќин. Во согласност со духот на отвореност на H&M, турнејата е отворена за сите – со отворена покана до клиентите да се пријават за влез на настаните преку социјалните медиуми.
Колекцијата H&M Studio Holiday Capsule ќе биде достапна во одбрани продавници на H&M и на hm.com, од 21 ноември. Осум парчиња од колекцијата ќе бидат достапни за изнајмување, а некои ќе бидат издадени исклучително за таа намена.