Вчера, технолошкиот гигант Apple го одржа својот глобален настан за иновации на кој ги презентираше новите паметни телефони од серијата iPhone 13 и други интересни „гаџети“ за љубителите на технологијата, како Apple Watch Series 7 и iPad mini.
Напоредно со презентацијата на новите уреди, беше лансирана и рекламна кампања која ги претставува кинематографските способности на новиот iPhone 13 Pro, кој според Apple е како да го имате „Холивуд во вашиот џеб“.
Камерата на уредот се одликува со нов кинематографски режим кој на корисниците им овозможува да го префрлаат фокусот од преден план во позадина, 3x оптички зум, напредни перформанси при слаба осветленост, макро видео, напредна стабилизација и снимки во ProRes.
Со цел се илустрираат и практично овие способности, како дел од кампањта беше лансиран и видео-спот снимат исклучиво со iPhone 13 Pro, а режиран од страна на американската режисерка Кетрин Бигелоу, која зад себе има два Оскари за филмот The Hurt Locker (2008).