Јапонските гиганти Honda и Sony ги здружуваат своите сили за основање на заедничка компанија за електрични автомобили.
Новата компанија, како резултат на „стратешка алијанса“, се очекува да биде основана во текот на годинава, а нејзините први електрични автомобили да се најдат на пазарот во 2025 година.
Иако новата компанија ќе ги „планира, дизајнира, развива и продава“ новите возила, Honda ќе биде одговорна за производството на првите модели во своите фабрики. Од друга страна, Sony ќе бидат одговорни за развој на „платформата за услуги за мобилност“ на новиот бизнис.
„Новата компанија ќе има за цел да застане во првите редови на иновациите, еволуцијата и проширувањето на мобилноста низ целиот свет, со преземање широк и амбициозен пристап кон создавање вредност што ги надминува очекувањата и имагинацијата на клиентите“, истакна Тошихиро Мибе, директорот на Honda Motor.