Јапонскиот производител на моторни возила Honda Motor ја избра агенцијата Exposure да ги предводи нивните креативни иницијативи на европскиот пазар.
Exposure е главно искуствена агенција со канцеларии во Лондон, Њујорк и Париз, основана од двајца Британци во 1993 година, која што соработувала со брендови како Nike, Samsung и Sony.
Работата на новоизбраната агенција првенствено ќе биде насочена кон зголемување на свеста за хибридните и електричните возила, а Exposure веќе работи на интегрирана кампања за Honda која ќе биде лансирана следната 2024 година.
Брендот ќе продолжи да соработува и со агенцијата Accenture Song: Karmarama, со која одржува партнерски однос веќе 20 години.
„Среќни сме што ја започнуваме оваа нова врска со Exposure додека влегуваме во следната фаза од нашите заложби за електрификација. Агенцијата ги импресионираше нашите чинители со нивната стратегија и креативност за автомобилскиот бренд Honda на среден рок и со нетрпение очекуваме да работиме со нив за да го исполниме ова ветување за нашите партнери и клиенти во Европа“ – посочува Фабрис Естев, директор за маркетинг на автомобилскиот оддел при Honda Motor за Европа.