На 7 км од градот Тетово, а само 29 км од главниот град Скопје, поставен во Полошкиот крај како следен проект под сенката на брендот Агрополог, “Хотелот Агрополог” претставува еден од скапоцените детали на хотелиерството во Тетово и околина.
“Во услуга на клиентот!“ е клучниот принцип на развој на бизнисите на овој бренд што е следен и од Хотел Агрополог.
Основачите на Агрополог кога решија да градат хотел тргнаа со цел да понудат место во кое ќе се задоволат потребите на секоја гостин, за удобен и пријатен престој.
Бизнисот со ресторани е всушност бизнис кој е директно поврзан со пристапот и услугата кон клиентот. Како ќе се служат клиентите? Што ќе им се обезбеди? Колку ќе се чуствуваат добродојдени клиентите? – Ова се клучните принципи кои го дефинират успехот на угостителскиот бизнис.
Позициониран во функционална оддалеченост од центарот на градот, но со директен пристап до главните вени на сообраќајот, Хотелот Агрополог нуди удобен престој за краткорочни и долгорочни потреби. Изборот се состои од луксузни соби до приватни апартмани, како и богато мени на ресторанот. Хотелот заедно со ресторанот се отворени за гостите 24 часа без прекин.
Средбата со квалитетот на овој објект започнува од приемот, чекањето во фоајето, резервацијата, придружбата во собата се до испорака на багажот. Одлично искуство кое ги елиминира сите предрасуди кои постојат за престој во хотел. Покрај тоа, Агрополог придава големо значење на безбедноста на клиентите, обезбедувајќи паркинг простор со мониторинг во текот на целиот престој. Приватноста, коректноста на персоналот се неизбежни.
*комерцијален текст