Франшизата на луксузни хотели Hilton ја лансираше својата нова глобална кампања насловена “For The Stay” („За престојот“).
Кампањата означува нов пристап во маркетинг стратегијата на брендот, кој повеќе нема да се фокусира на дестинацијата на патникот и „да ја минимизира улогата на хотелот “, туку ќе го постави во центарот на вниманието – објаснува Марк Вајнстајн, генералниот маркетинг директор на Hilton.
„Идејата за The Stay беше неверојатно природна за Hilton, а сепак никој друг не зборуваше за тоа. Додека другите ги промовираат генеричките вредности на патувањето, ја минимизираат улогата на хотелот и членовите на тимот на хотелот и ја романтизираат дестинацијата, преку нашата платформа и кампањата што таа ја инспирира, ние ги потсетуваме патниците дека „Важно е каде ќе останете“ и смело потврдувајќи „Хилтон. За престојот““ – додава Вајнстајнт.
Кампањата се состои од серија на забавни реклами кои се осврнуваат врз на сложеноста на патувањето. Користејќи хумор за да ги истакне некои од вообичаените „замки“ на патувањето, серијата кратки спотови се забавува со она што може да тргне наопаку при резервација на сместување или при самото патување.
Во една од рекламите се појавува и познатата медиумска личност и претприемачка Парис Хилтон, инаку праправнука на основачот на хотелот. Во спотот, Парис ја игра својата стереотипна улога и се сместува во хотелска соба носејќи едно од нејзините кучиња и еден куп дизајнерски багаж за влечење.
Покрај видеоспотовите кои ќе се емитуваат на телевизија, кампањата е поддржана и со онлајн, принт и out-of-home реклами. Кампањата ќе се имплементира во САД, Обединетото Кралство и неколку избрани пазари во Азиско-пацифичкиот и Блискоисточниот регион.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA\Chiat\Day New York.