Со цел промоција на нивните нови лаптопи од моделот OMEN 16, технолошката компанија HP се реши со секоја продажба да подарува и бесплатна лименка полна со „занаетчиски“ воздух – што всушност е најобичен воздух.
Кампањата насловена „Air by OMEN“ всушност ја промовира новата технологија ан HP која користи амбиентален воздух за ладење на лаптопот. Според компанијата, овој нов лаптоп не заслужува ништо друго освен најдобро, дури и кога е во прашање воздухот.
Лименката е дизајнирана како да се работи за некаков пијалак, па на задната страна е испечатена дури и табела со „нутриционистички факти“ – што всушност го претставува елементарниот состав на секојдневниот воздух кој го дишиме.
Како дел од кампањата е објавено и видео со инструкции во кое се објаснува како треба правилно да се користи лименката.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Wieden+Kennedy.