Познатиот ланец за брза храна “Бургер Кинг“ се определи за храбра маркетинг кампања.
Бургер Кинг креираше рекламна кампања која не е пријатна за гледање, но која има за цел да ги промовира нејзините напори во отстранување на вештачките конзерванси и други адитиви од нивното мени.
Ланецот за брза храна презентираше фотографии од новиот бургер без конзерванси кој е прекриен со мувла.
Неконвенционалниот маркетинг потег вклучува и реклама која го прикажува бургерот како во период од 34 дена пропаѓа, а во позадина се слуша сол хитот од Дина Вашингтон “What a Difference A Day Makes“.
До крајот на 45-секундарната реклама, „бургерот“ се обојува во сино – зелена боја.
„Убавината во недостатокот на вештачки конзерванси“, се наведува во рекламата.
“Во Бургер Кинг веруваме дека природната/вистинска храна има подобар вкус. Поради тоа напорно работиме за отстранување на конзервансите, боите и аромите од вештачките извори, од храната која ја служиме во сите земји во светот“, изјави Фернандо Макадо, главен маркетинг директор.
Од компанијата исто така, порачаа дека Whopper-от без конзерванси ќе се служи во сите американски ресторани до крајот на 2020 година.
Кампањата е дело на агенциите Ingo, David и Publicis.
Минатата година, многумина беа сведоци на хамбургерот на Мекдоналдс изложен во еден бар во Исланд. Тоа беше последниот бургер послужен пред тој ланец за брза храна, кој поради финансиски колапс во Исланд во 2009 година затвори дел од локалите во оваа земја.
Она што гледачите можеа да го видат е дека дури и по 10 години, бургерот не се расипал.