Откако практично беше забранет во САД, Huawei одлучи да се фокусира на други клучни пазари.
Еден од овие пазари е Велика Британија и пред објавувањето на линијата P20 оваа недела, Huawei започна агресивна маркетинг кампања, буквално пред вратите на своите конкуренти.
Кинескиот гигант веќе потврди дека следниот премиум телефон од P-серијата ќе биде претставен во вторник во Париз. Huawei сега одлучи во својата промотивна кампања да распореди камиони опремени со промотивни билборди во неколку големи градови, вклучувајќи го и Лондон.
Она што е најинтересно во целата приказна е дека камионите биле главно забележани паркирани пред продавниците на Apple и Samsung.
Покрај билбордите, Huawei, исто така, исцрта и улични графити на тротоарите пред споменатите Apple / Samsung продавници, што повторно укажува на очекуваните подобрувања во камерата за P20 и P20 Pro.
Мотото “Преродбата во фотографијата доаѓа“, исто така се појавува и на камионите и на графитите, со нагласени “AI” букви, што се однесува до функциите на вештачка интелегенција на телефоните.