Во новата мини трилер серија “Screened“, агенцијата Buzzman и Huawei ги претставија перформансите на новиот уред Huawei Mate 10 Pro, како што се препознавање во фотографиите, оптимизација на батеријата или инстант преводи, а секоја од овие карактеристики се средишна тема на една од епизодите.
Нивниот посебен предизвик бил да се направи серијата да се „протне“ кај корисниците на паметни телефони, па е дизајнирана посебно за тие уреди. Предизвикот го прифатија Aurélien Molas, сценарист за Crime Time, номиниран на овогодишните Еми награди и Olivier Abbou, режисер кој ги потпишува Territoires, Yes we can и Maroni, кои го усвоила форматот од 9:16, со цел да ги нурнат гледачите во самиот заплет.
Погледнете ја првата епизода во продолжение, додека сите три можете да ги погледнете на оваа YouTube плејлиста.