Ирскиот бренд на алкохолни пијалаци Jameson оваа година го лансираше својот нов коктел во лименка, кој претставува комбинација на виски, ѓумбир и лимета (Jameson Ginger & Lime).
Според брендот, нивниот коктел во лименка се карактеризира со совршено измешан вкус, кој воопшто не се разликува од пијалокот подготвен од вештите раце на некој професионален шанкер.
Со цел да ја илустрира оваа поента, Jameson лансираше нова хумористична реклама за словачкиот пазар во кој гледаме како тројца пријатели влегуваат во обична маалска продавница и бараат од новиот коктел на Jameson. Продавачката, на која очигледно ѝ е досадно на работа, првично им упатува зачуден поглед, но потоа нешто се буди во неа: неверојатни шанкерски вештини кои ги презентира пред потрошувачите со новите лименки од Jameson.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција MUW Saatchi & Saatchi и продукциското студио Cookie Films од Братислава.