Влакната на женското тело и лице веќе не се табу тема како некогаш
Американскиот производител на жилети Billie одлучи да ја промени традицијата и перцепцијата за влакната на женското тело.
Минатата година, во нивните рекламни се прикажани жени со влакна на нозете и под пазувите, а сега отидоа еден чекор подалеку.
За прв пат историја на нивното постоење, жените се прикажани со мустаќи во најновата кампања наречена “Movember“.
Целта на кампањата е да се разбијат предрасудите за влакната на лицето на жените, но и да се соберат средства за лечење на рак на простата и тестисите.
Основачот на брендот Billie, Георгина Кули, изјави дека не е во ред производителите на жилети да се преправаат дека жените немаат влакна, па затоа сакале тоа да го променат.