Home » Во фокусот » IAB Македонија го најави третото IAB Networking Café

IAB Македонија го најави третото IAB Networking Café

Здружението за интерактивно огласување IAB Македонија, по трет пат ќе го одржи настанот IAB Networking Café каде што преку успешни локални примери и студии на случај ќе ѝ помогне на бизнис заедницата подобро да се запознае со дигиталното огласување.

Настанот ќе се оддржи во Траториа да Галиа (на ул. Водњанска бр. 1) во Скопје на 7-ми април со почеток од 17.30 ч.

Целта на овој настан е преку домашни примери да се покаже моќта на дигиталните медиуми и алатките за интерактивно огласување и да се помогне во развој на македонскиот дигитален пазар на огласување

iab-makedonija-go-najavuva-tretoto-iab-cafe-01

IAB Networking Café е одлична можност за запознавање со успешни интерактивни кампањи, добри практики и нови иновации на домашниот дигитален пазар.

На третото IAB Networking Café своите успешни студии на случај од областа на интерактивното огласување ќе ги презентираат:

  • Ира Стефанов Бабиќ, претставник на агенцијата Brand Union, на тема “Гранап у наше маало” каде што ќе зборува за примената и важноста на друштвените канали во една маркетинг стратегија, и
  • Филип Младеновски, претставник на агенцијата Universal Media, кој ќе го објасни користењето на интерактивното огласување за постигнување на целите на проектот “Vip – партнер на македонскиот ракомет”

Освен членовите на IAB Македонија, на настанот се поканети и сите компании кои сакаат со нив да разменат искуства и корисни информации поврзани со дигиталното огласување. Влезот е бесплатен, но поради ограничениот капацитет на локалот, потребно е вашето место да го резервирате на contact@iab.mk


ЗА IAB МАКЕДОНИЈА

IAB Македонија е здружение за интерактивно огласување, посветено на развивањето и унапредувањето на дигиталното огласување во Македонија. Здружението е формирано од страна на повеќе дигитални и маркетинг агенции во Македонија, а има за цел да стане почитуван авторитет за дигиталните и интерактивните прашања на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365