Агенцијата Drive отсега ќе работи под името *DRV. Промената на името е проследено со промена на концептот и начинот на деловно работење, па така агенцијата *DRV ќе биде “фул сервис” креативна агенција со длабоки корени во дигиталната сфера и широк репертоар на експертиза, вклучувајќи креатива, дизајн, бренд стратегија, дигитални и 360 комуникациски платформи и продукција. Сето ова е придружено со промена на „начинот на размислување“, па стремежот на агенцијата *DRV е да биде предизвикувач, односно агенција која со својата работа, креативност, решенија, проекти и кампањи создава идеи кои ги предизвикуваат брендовите, луѓето и културата.
„Ние создаваме идеи кои предизвикуваат и ги создаваме за брендови кои и самите се предизвикувачи. Знаеме дека има брендови и луѓе кои, како нас, не се задоволуваат со статус кво. Исто така, знаеме дека не е секогаш лесно, дека понекогаш е потребно малку повеќе храброст, инспирација, поддршка и малку повеќе правилни прашања. Тука сме да поставуваме прашања затоа што сакаме да ги промениме воспоставените начини на размислување. Веруваме дека работите можат да бидат поинакви, посмели, нови и неочекувани и дека најдобрите идеи доаѓаат надвор од зоната на удобност. Ние твориме во таа зона и таму сакаме да водиме брендови. Во зоната на предизвици, каде што креативноста прави разлика и создава успех“, изјави по повод оваа промена Данка Трбојевиќ, директорка на агенцијата *DRV.
Новиот пристап на агенцијата подразбира три клучни принципи во пристапот кон работата со цел да бидат ефективни:
– предизвик не само во однос на клиентот, туку пред се’ во однос на самите себе;
– посветеност кон идеи кои имаат влијание врз општеството, без оглед на медиумскиот канал или формат;
и последно, но не и најмалку важно,
– агилно управување со процесите што им овозможува на тимовите да работат поефикасно и пофлексибилно.
*DRV – drv.agency е подготвена за предизвици, дали сте Вие подготвени да бидете предизвикани?