Home » Во фокусот » Иднината е во мобилните комуникации

Иднината е во мобилните комуникации

“European Communication Monitor (ECM)”, најопсежното истражување од областа на односите со јавноста, кое осма година по ред го спроведуваат Европската асоцијација за образование и истражување на односите со јавноста и Европската асоцијација на директори на комуникација, со поддршка на агенцијата Ketchum, покажа дека комуникациските експери ги сметаат мобилните комуникации како едни од најважните комуникациски канали кои ќе се развиваат до 2017 година.

Марина Чулиќ Фишер, директор на агенцијата за односи со јавност DIALOG Komunikacije, ексклузивниот застапник на Ketchum за Хрватска, по повод објавените резултати истакна: “Резултатите на овогодинешното истражување, кое опфати две илјади и седумстотини испитаници во четириесет и две земји, ја истакна појавата на мобилните комуникации како единствена област на професионалните комуникации за која ставовите на комуникациските експерти се еднакви низ Европа. Половина од испитаниците изјавиле дека организациите во кои работат веќе развиваат мобилни комуникациски канали, а 91% испитаниците предвидуваат дека полето за развој во следните три години ќе бидат мобилните комуникации”.

Истражувањето исто така покажа дека предвидената важност на социјалните мрежи е во опаѓање. Помеѓу 2010 и 2012 “фаќањето чекор со дигиталната еволуција и социјалните мрежи” беше најважниот предизвик за комуникациските експери, а според новото истражување, го зазеде третото место, зад поврзување на работните и комуникациските стратегии и градењето на доверба.

 Останатите резултати од овогодинешното истражување се:

 – Главните бенефити од мобилната комуникација испитаниците ги гледаат во можностите за комуникација со сите чинители во реално време (60%), во презентирање на содржина прилагодена на корисникот (54%) и можноста за досегање до помладата публика (40%).

– Најголемиот број од испитаниците (58%) сметаат дека главниот предизвик во мобилната комуникација е интеграцијата на мобилните медиуми со останатите канали и платформи. Пронаоѓањето на уверливи концепти кои создаваат дополнителна вредност претставува предизвик за 47% од испитаниците, додека за 46% од нив, најголем предизик е презентацијата на сложени содржини на малите екрани.

– Иако 61% од испитаниците работаат во организации кои имаат сопствена мобилна корпоративна веб страна, само 37% од нив ја имаат инсталирано мобилната апликација на своите мобилни телефони, а 34% од испитаниците на таблет.

– 84% од испитаниците сметаат дека најновите облици на комуникација ја збогатиле нивната работа

– 73% од испитаниците сметаат дека притисокот на секојдневанта работа е во пораст, а само 57% од испитаниците изјавиле дека знаат како да се носат со постојаниот проток на информации.

– Главната корист од социјалните мрежи за испитаниците е постојаната интеракција со потрошувачите (87%) и можноста потрошувачите да го изразат своето мислење врз основа на сопственото искуство (73%).

mobilne_komunikacije

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365