Во новата кампања на автомобилскиот бренд Chevrolet по повод лансирањето на новите модели Cruze, Camaro и Equinox, насловена како „Поема“, фудбалските ѕвезди Пол Погба, Давид Де Геа и Крис Смолинг од Манчестер Јунајтед читаат мотивациски стихови од Виктор Иго, Мигел де Сервантес Саведра и Вилијам Шекспир.
Рекламниот спот е режиран од Оле Питерс од Sehsucht и комбинира кадри од новите автомобилски модели и фубалските ѕвезди, доловувајќи моменти на голема енергија поврзани со нивните перформанси на теренот, фановите и медиумите.
Спотот беше сниман на познатиот стадион Олд Трафорд, како и на други локации низ Манчестер, Англија, и Шангај во Кина. Нарацијата е составена од гласовите на трите фудбалери кои читаат дела од познатите поети на нивниот мајчин јазик.
Credits :
Agency Producer: Maggie Xue
Lead Creatives: Eric, Maurice
Account Manager: Nana
Production Company: MIC – Made in China Films
Executive Producer: Lanny Dong, Patrick Van Hautem
Production Assistant: Alice Wang
Director: Ole Peters
Director’s Producer: Peter Shellnast
2nd Unit Director: Gregor Budde-Petrush
DOP: Peter Matjasko
Editor: Arthur Jagodda
UK Production Company: Chief Productions
Line Producer: Emma Hughes
Production Manager: Kate Brady