Шведскиот бренд за мебел ИКЕА ги дигитализираше и јавно ги објави сите свои годишни каталози од 1950 година наваму, ставајќи ги на располагање на публиката која сега може да ги следи трендовите на скандинавскиот дизајн во последните 70 години.
Каталозите се објавени на веб-сајтот на официјалниот музеј на ИКЕА, кој беше отворен во 2016 година во објектот на првата стоковна куќа во Шведска. Музејот располага со постојана поставка и редовно организира привремени изложби поврзани со историјата на шведската компанија.
Дигитализираните каталози на ИКЕА од последните 70 години може да се погледнат на следниот линк.