По разорниот земјотрес во Турција и Сирија, шведската непрофитна организација Better Shelter постави 5,000 модуларни живеалишта за преживеаните, благодарение на донацијата од 10,5 милиони американски долари од страна на Фондацијата IKEA на истоимената компанија за мебел.
Турската „Црвена полумесечина“ веќе распореди илјадници привремени објекти во двете земји, кои што се користат како живеалишта за деца, теренски амбуланти и училници за деца.
Претходно, Better Shelter придонесе со 10.000 такви засолништа (развиени заедно со Комисијата за бегалци при Обединетите нации – UNHCR) за употреба во Украина, Бангладеш и Колумбија.
Ваквите модуларни единици се погодни за испорака и поставување, имајќи предвид дека можат да се транспортираат целосно собрани, а се составуваат за само неколку часа без потреба од алатки.
Секое засолниште доаѓа со врата што се заклучува и има инсталирана светилка на соларна енергија. Идејата е да им се обезбеди на луѓето раселени од катастрофата „безбедност и достоинство на нивниот пат кон животот“ кога на крајот ќе се преселат во постојани домови.
„Како што разурнувачкиот ефект на земјотресот дополнително станува евидентен, сосем е јасно дека се потребни наши колективни напори за поддршка на многуте деца и семејства“ – изјави извршниот директор на Фондацијата IKEA, Пер Хегенес.