Во април оваа година, шведскиот моден бренд H&M и холандската компанијата Ingka Group, која е сопственик на најголемата IKEA франшиза во светот, најавија дека ќе отпочнат заедничка програма за менторирање, со цел да им помогнат на младите дизајнери да материјализираат оригинални концепти во еден мултифункционален креативен простор.
Креативците беа поканети да ги претстават своите најдобри и најсветли идеи за продавницата, а најдобрите од нив да бидат произведени за продажба, давајќи го името на проектот – „Фабрика за идеи“.
Сега, местото наречено Atelier100 („Ателје 100“) конечно ги отвори своите врати во Лондон, со цел да го привлече вниманието на дизајнерскиот свет кон вредностите на локалниот дизајн и производство.
Концептуалната продавница ќе нуди производи создадена од колектив на создавачи, производители и индустриски експерти, формирајќи заедница каде независните брендови можат да бидат негувани и развивани.
За разлика од другите брендови на главната деловна улица во градот, секој производ достапен за продажба во продавницата е дизајниран и произведен во радиус од 100 километри на централен Лондон, од дизајнери кои живеат и работаат локално.
Дополнително, покрај продажбата, просторот нуди возбудлива и енергична средина за креативците да учествуваат во работилници и да споделуваат работен простор.
„Со поддршка од дизајнерската индустрија, носиме уникатни, брилијантни производи до Лондон и неговите туристи, додека градиме нови мрежи за да ѝ помогнеме на заедницата Atelier100 да биде отпорна на иднината“, посочуваат од иницијативата.