Маѓународно популарниот шведски бренд за мебел IKEA го назначи Линус Карлсон на позицијата генерален креативен директор на компанијата.
Задачата на Карлсон, кој на новата позиција ќе започне со работа од 1 април, ќе биде развој на производите на компанијата, како и на нејзиниот маркетинг и комуникации.
Карлсон ја започнал својата кариера во шведската агенција Paradiset DDB, пред да се пресели во САД, да работи за Fallon Minneapolis. Потоа, во 2003 година, тој ја соосновал агенцијата Mother New York. На почетокот на 2010-те, тој ја вршел функцијата генерален креативен директор на канцелариите на McCann во Њујорк и Лондон. Карлсон има работено на повеќе проекти за ИКЕА уште од 2012 година.
„Јас сум возбуден што ќе се приклучам на ИКЕА на оваа позиција бидејќи во својата душа, ИКЕА е креативна компанија и мојата работа заедно со сите мои колеги ќе биде да ја храниме, да ја поттикнуваме и да осигураме дека таа ќе излезе на површина. Јас ја гледам ИКЕА како начин на размислување и живеење, со „демократскиот дизајн“ во своето јадро. Тоа длабоко ме мотивира, бидејќи тоа е вродена посветеност на социјалната правда,“ истакнува Линус Карлсон.
„Креативноста е дел од ДНК-та на ИКЕА, но ние постојано мораме да ја поттикнуваме и да ја храниме нашата имагинација со цел да се осигураме дека ќе ги допреме потребите и соништата на луѓето со нашите идни производи, со нови и различни начини на комуницирање и начини на кои ја споделуваме нашата понуда со големиот број на луѓе. Генералниот креативен директор ќе игра клучна улога во тоа,“ посочува Ерика Интисо, маркетинг и комуникациски менаџер на ИКЕА.
Фредерика Инкер, менаџер за развој на производи во компанијата, додава: „Ние сакаме ја зајакнеме креативноста во нашата секојдневна работа со дизајнот, развојот на производи, маркетингот и комуникациите. Како главен креативен директор, Линус Карлсон ќе биде акцелератор, отскочна штица и извор на инспирација и искуство“.