Шведскиот бренд на мебел IKEA, чијшто салони за мебел редовно имаат и ресторан во кој се сервираат т.н. „шведски ќофтиња“, се одлучи да понуди своја алтернатива за Божиќниот ручек.
Како дел од своите празнични активности на британскиот пазар, IKEA реши да понуди џиновско ќофте од 4,5 килограми – големо колку „печена мисирка“. Ваквото ексклузивно кулинарско задоволство ќе биде дистрибуирано во ограничени количини, само за најсреќните добитници на наградна игра која ќе се организира на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
За оние кои не јадат месо, шведскиот бренд подготви вегетаријанска Божиќна елка која може да се јаде. Ваквиот комплет ќе вклучува основа во форма на конус и бројни ќофтиња од растително потекло, кои што потрошувачите сами ќе можат да ги наредат како Божиќна елка.
Понудата на Божиќните специјалитети на IKEA се реализира во соработка со креативната агенција Mother London.