Шведскиот бренд за мебел IKEA, познат по своите комплети на склопување, сега лансираше нов, сличен производ – кој може да се јаде!
Имено, водени од девизата дека сепак „може да си играте со својата храна“, IKEA создаде млечно чоколадо кое се составува од различни парчиња со цел да се добие фигура која може да се јаде или „да стои како украс на маса“.
Чоколадото BELÖNING (во превод „награда“) има форма на лос и се составува од три чоколадни плочки – „рогови“, „глава и тело“ и „нозе“. Според името, чоколадото треба да биде вашата награда откако ќе составите некој комплет на мебел од IKEA.
Од компанијата додаваат дека вкусната закуска е создадена од какао кое има UTZ сертификат, кој верификува дека клучната состојка била одгледана на одржлив начин во тропските дождовни шуми.
Цената на уникатното чоколадо изнесува 3.49 евра.