После 70 години, оваа 2021 ја означува последната година од објавувањето на популарниот каталог на шведскиот бренд за мебел IKEA. Но, иако тој е последен, компанијата покажува дека инспирацијата за иновации не мора да запре со крајот на една ера, проширувајќи ги можностите на последниот каталог до максимум.
Заедно со печатеното издание на каталогот, IKEA лансираше и аудио верзија на неговите 286 страници, резултирајќи со скоро четири часа на преказни кои, според зборовите на компанијата, претставуваат „турнеја за ушите“.
Иницијалните шест поглавја на каталогот опишуваат простор за живеење на шест различни фамилии. Разгледувајќи ги различните можности за внатрешно уредување во стил на ASMR-ведеа или вежби на визуелизација преку звук, наратотор објаснува во детали како производите на брендот може да ги подобрат домовите на младо семејство со една спална соба, на сурферски пар, на кулинарски професионалец и слично.
Потоа следува секција со предлози и препораки за тоа како луѓето можат да си обезбедат подобро спиење, како да ја осветлат подобро својата бања и како да ја изразат сопствената индивидуалност во својот дом.
Аудио верзијата на каталогот на IKEA за 2021 година е достапен на YouTube, Spotify и Audiobooks.