Пред неколку денови, американските власти објавија извештај во кој го известуваат Конгресот за своите сознанија околу неидентификуваните летечки објекти. Според овој извештај, сумирано, од 144 регистрирани и документирани случаи, 143 не можеле да бидат објаснети.
Непосредно пак пред објавувањето на извештајот, брендот за мебел ИКЕА се одлучи да се приклучи кон „забавата“ и да објави еден нов од своите познати прирачници со инструкции за составување мебел, овој пат наменет за вонземјани.
Имено, доколку извештајот покажел дека вонземјани ја посетуваат планетата, ИКЕА сакале да бидат спремни да ги дочекаат со отворени раце, топло добредојде и да се обидат да им продадат некој производ.
Кампањата “Furniture For All” („Мебел за сите“) на вонземјаните им нуди повеќе корисни и практички производи, како што е креветот BRIMNES доколку сакаат да се одморат после напорното интерпланетарни патување. Тука се исто така и полиците за книги BILLY, доколку вонземјаните сакаат да соберат матерајал за читање поврзан со човечкиот свет, или пак ако сакаат да гледаат телевизиски серии, можат да се опуштат во фотељата POÄNG.
ИКЕА исто така си го испромовира и својот сервис за достава пред новодојденците, за да не мора да се мачат со своите летечки чинии. :)