Како деца сите сме сакале да земеме два стола и едно ќебе и низ домот да градиме разни бункери и тврдини во кои ќе си седиме со чувство на безбедност и си листаме сликовници во нашето сопствено кралство.
Една таква активност е одлична можност и за родителите да се опуштат малку, знаејќи дека нивното дете е мирно и безбедно во домот – особено во овие карантински услови.
Во таа насока, брендот за мебел ИКЕА во Русија лансираше кампања со која понуди повеќе градежни планови за изградба на домашни тврдини, замоци, колиби и бункери со материјали и производи од својата понуда.