Шведскиот бренд за мебел ИКЕА најави дека за време на овогодинешниот „Црн петок“ (27 ноември) ќе го откупува својот стар мебел од потрошувачите, за потоа да го препродава или рециклира.
ИКЕА ги повикува сите потрошувачи на брендот кои поседуваат некое старо парче на мебел од ИКЕА, а повеќе немаат потреба од него – да им го продадат назад на брендот. За возврат, потрошувачите ќе добијат ваучер кој ќе можат да го користат за купување на нов мебел од продавниците на ИКЕА.
Вредноста на ваучерот, во зависност од тоа колку прчето на мебел е зачувано или оштетено, може да изнесува и до 50% од оригиналната продажна вредност на тоа парче.
Користениот мебел кој ИКЕА ќе го откупи за време на овој „Црн петок“, потоа ќе го првати во продажба преку своите продавници за мебел од „втора рака“, или пак ќе го рециклира.
Кампањата е најавена во повеќе држави во светот, вклучувајќи ги Канада, Обединетото Кралство и Ирска, а претставува дел од новите напори на шведскиот бренд за поголема еколошка одржливост.