Култниот хорор филм “The Shining“ на режисерот Стенли Кјубрик, во кој Џек Николсон ја одигра една од неговите најблескави и најзабележителни улоги е инспирација за најновата реклама на ИКЕА Сингапур во пресрет на Ноќта на Вештерките која се оддбележува на 31 октомври.
Во рекламата е искористена култната сцена во која малечкиот Дени со својот велосипед се вози низ хотелот, само што овојпат во рекламата момчето се вози низ продавницата на IKEA.
Late Night Шопингот повеќе никогаш нема да биде ист :)