Следната 2021 година, брендот за мебел ИКЕА ќе одбележи 70 години од иницијалното лансирање на својот популарен каталог кој секогаш претставува уникатен извор на инспирација за фамилиите и дизајнерите.
Меѓутоа, брендот размислува за одредени измени на следниот јубилеен број, трансформирајќи го „обичниот“ каталог во нешто позначајно и покорисно за луѓето. Наместо да служи само како разгледница за новите производи на ИКЕА, новиот каталог повеќе ќе наликува на „прирачник“ кој ќе нуди практични решенија за поквалитетен живот во домот.
Според соопштението на брендот, новиот каталог треба да биде „пријателски и оптимистички решавач на проблеми полни со паметни совети, практични идеи и мали, прифатливи промени“. Од ИКЕА се надеваат дека каталогот ќе ги инспирира луѓето да живеат поздраво и поодржливо во својот дом.
„Ние сакаме да Ви помогнеме да стигнете дотаму: еден мал чекор, една нова навика, една ергономска перница, еден нов рецепт, една чешма која заштедува вода или едно ново биро за вашата домашна канцеларија“, додава Керолин Хјертстром, комуникациски менаџер во ИКЕА.