Home » FMCG » Илирика успешно го спроведе преземањето на „Горење“ од „Хисенс“

Илирика успешно го спроведе преземањето на „Горење“ од „Хисенс“

Кинескиот холдинг „Хисенс“ (Hisense), официјално, стана сопственик на словенечката компанија за бела техника „Горење“ (Gorenje). Сега компанијата „Хисенс“ поседува 95.42% во сопственичката структура на компанијата за производство на апарати за домаќинство и бела техника од Велење. Во преземањето учестуваа инвестициски советници од Илирика.

Понудата за откуп е прифатена од 5.165 акционери, при што компанијата „Хисенс“ плати вкупно 183 милиони евра за докупување на останатите 62.46% од акциите. Со ова, е проценета на нешто помалку од 300 милиони евра. Пред преземањето, Hisense поседуваше 32.96% од акциите во „Горење“.

Од компанијата „Хисенс“ велат дека нема да има промени во брендот „Горење“, туку фабриката во Велење ќе биде нов центар за истражување и развој на „Хисенс“. Со ова, тие ќе ја зголемат ефикасноста во производството преку интеграција на производствените капацитети.

Игор Штембергер, претседател на Управниот одбор на Илирика, задолжена за преземањето, очекува одобрувањето да се добијат наесен. Превземањето треба да биде одобрено од регулаторите на пазарите каде што работат двете компании, како и од Европската комисија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365