Home » Digital » Има ли спас за Snapchat?

Има ли спас за Snapchat?

Snap(chat) забележа уште еден лош квартал  – голема загуба, помал пораст на бројот на корисници од очекуваниот и намалена побарувачка на очилата Spectacles

Се` до неодамна Snap беше компанија на која технолошките гиганти сакаа да потрошат милијарди долари, а истражувањата покажувале дека Snapchat е најпопуларна социјална мрежа помеѓу тинејџерите, а чиишто главни опции ги копираа Facebook и Instagram. Следниот голем чекор во развојот на Snap(chat) беше излегувањето на берза од којшто инвеститорите многу очекувале, но финансиските и бизнис резултатите остварени во последните два квартали се голема причина за загриженост на основачот и шефот на  Snap, Еван Шпигел и инвеститорите.

Неодамна од Snapchat ја објавија загубата за вториот овогодишен квартал поголема од 400 милиони долари и пораст на бројот на дневни корисници од само 4% (173 милиони) во однос на претходниот квартал. Ваквите бројки влијаеле на акциите на компанијата чија вредност паднала за дури 14%, на помалку од 14 долари (IPO цената на акциите изнесувала 17 долари, а по излегувањето на берза со акциите се тргувало по цена од 24 долари). Уште пред излегувањето на берза, бројни аналитичари предупрдуваа на ваквото сценарио и на несигурноста на инвестирањето во Snapchat, па нивните негативни прогнози до сега се покажаа исправни – иако некои укажуваат и на лошиот почеток на авантурата на Facebook на берзата, бидејќи цената на акциите едно време падна и под 20 долари, а сега истата таа изнесува повеќе од 165 долари.

Сепак, шефот на компанијата Еван Шпигел и коосновачот Роберт Марфи веруваат во долгорочен успех на Snapchat и на инвеститорите им порачале дека оваа година нема да продадат ниту една акција – на овај начин сакаат да им порачаат дека не е време за продажба на акции, бидејќи тие со тек на времто повторно ќе порастат.

Snapchat сака да ги освои огласувачите со ниските цени и доказите за успешност на огласувањето на својата мрежа, но со оглед на ситуацијата во последно време, прашањето е дали ќе успее во својата намера.

Исто така, освен лошите резултати треба да се додаде и падот на продажбата на очилата Spectacles – додека во првиот квартал од продажбата на очилата со камера е остварен приход од 8 милиони долари, во вториот квартал тој приход падна на 5,4 милиони, што исто така зборува за падот на популарноста на оваа мрежа.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365