Во новиот оглас кој агенцијата FCB Чикаго го работела за брендот – средството за одзатнување на одводи Liquid-Plumr (во слободен превод течен водоинсталатер), различни типови на луѓе, од пожарникар и продавачка на цвеќе до боксер и куглаш, покажуваат малку повеќе кожа од позади отколку што е вообичаено – на нашите простори познато и како „водоинсталатерско деколте“.
„Во сите нас постои водоинсталатер“ тврди нараторот на спотот, поигруваји се со називот на брендот.
„Со свртување на хумористичните стереотипи во израз на горделивост, сакавме да прикажеме авторитет и доверба ,“ изјави заменик бренд директорот на овај клиент Tiffany Leung.
Дали вистинскиот водоинсталатер ќе се чувствува горделиво или навредено од овај оглас не знаеме, но од брендот тврдат дека во секој случај, на било кој начин не сакале да навредат никого.