Facebook ја објави новата Facebook маркетинг партнер програма која ќе им овозможи на маркетерите, клиентите и брендовите да го најдат својот партнер врз основа на нивните специфични маркетинг и бизнис потреби. Една од компаниите која доби статус на Facebook маркетинг партнер е и македонската IM.MK.
“Помеѓу 100-тината компании од целиот свет, ни претставува особена гордост да споделиме дека единствената компанија од регионов со овој статус е и македонската компанија ИМ.МК! “ – изјави Никола Бојков, ко-oсновач на IM.MK.
Да се биде Facebook маркетинг партнер е големо достигнување за македонскиот тим, и доказ дека со верба во себе, многу труд и упорност можете да постигнете се!
“Веќе 3 години сме во друштво со најдобрите компании од целиот свет, а од денес и официјално како Facebook маркетинг партнер.Оваа програма ни дава нов беџ кој рефлектира дека IM.MK ги има надминато поставените Facebook партнер стандарди. Во наредниот период ќе продолжиме со изградбата на неверојатни искуства за корисниците на нашите апликации и ќе се насочиме кон иновација во напредни маркетинг производи интегрирани со Facebook платформата“ – дополни Бојков.
Нивниот профил во платформата можете да го посетите на овој линк: https://facebookmarketingpartners.com/marketing-partners/im-mk/