Home » Во фокусот » IMS Internet Media Services постигна договор за стекнување на главен удел во Httpool

IMS Internet Media Services постигна договор за стекнување на главен удел во Httpool

IMS Internet Media Services (IMS), подружница на Sony Pictures Television Networks и една од најголемите компании за продажба на дигитални реклами и медиа закуп во Латинска Америка, објави дека постигнала договор за стекнување на мнозински удел во Httpool, меѓународна огласувачка мрежа на повеќе канали, со присуство во Централна и Источна Европа и Азија.

Во согласност со регулаторното одобрување, договорот ќе создаде една од најголемите компании во индустријата на дигитален маркетинг и рекламирање, со комбинирано работење со кое се поддржуваат повеќе од 6000 агенции и брендови ширум светот и ексклузивно се застапуваат Twitter, LinkedIn, Spotify и повеќе од 5000 глобални и локалните издавачи во 30 земји во Латинска Америка, Централна и Источна Европа и Азиско-Пацифички регион.

Gastón Taratuta, CEO и основач на IMS

„Оваа аквизиција ќе му овозможи на IMS да се развие во некои од најзначајните земји со највисок потенцијал низ цела Европа и Азија и да создаде вистинска глобална компанија. IMS и Httpool заедно можат да понудат крајно решение за реализација на кампањи од сферата на дигиталниот маркетинг, при тоа помагајќи им на партнерите со нашето длабоко познавање на локалните пазари и зајакнување на локалните медиуми, огласувачи и илјадници дигитални професионалци и претприемачи“, изјави Гастон Таратута, извршен директор и основач на IMS.

„Соединувањето на IMS и Httpool ќе создаде комплетно решение за огласувачите при лансирањето на локални или меѓународни кампањи, но и можност на мрежите и медиумите да ја капитализираат својата содржина на најбрзорастечките пазари во светот“, изјави Енди Каплан, претседател, worldwide networks, Sony Pictures Television.

Aljosa Jenko, основач и CEO на Httpool

IMS и Httpool ја делат истата визија, па затоа не можевме да замислиме подобар партнер. Овој договор претставува важна пресвртница за Httpool и важно признание за сите наши досегашни достигнувања. Партнерството со IMS ќе го поттикне нашиот растечки развој и ќе ни овозможи да ги прошириме комерцијалните решенија на глобално ниво“, изјави Аљоша Јенко, извршен директор и основач на Httpool.

Httpool и неговиот тим воспоставија неверојатна меѓународна позиција, развија комплементарни технологии за рекламирање и ги споделуваат истите претприемачки вредности како IMS. Со здружување на силите, двете групи можат да направат трајно влијание врз поширокиот дигитален екосистем преку континуирани иновации, отвореност, креативност и партнерства“, додаде Таратута.

Со седиште во Мајами, IMS исто така има и канцеларии во Бразил, Мексико, Аргентина, Колумбија, Чиле, Панама, Перу, Еквадор и Уругвај.

19-те канцеларии на Httpool се лоцирани во: Индија, Хонг Конг, Австрија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Грција, Унгарија, Косово, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија, Естонија, Латвија, Литванија, Украина и Русија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365