Министерството за информации и емитување на Индија донесе нов правилник со кој ги ограничува печатените, електронски и дигитални медиуми да објавуваат реклами за онлајн платформи за обложување.
Новите правила исто така предивидуваат дека секоја реклама за некаква игра мора да содржи „дисклејмер“, како на пример печатена или статична реклама која вели дека играта вклучува елемент на финансиски ризик и може да предизвика зависност и дека треба да се игра одговорно на сопствен ризик. Слично, рекламите не смеат да комуницираат „онлајн игра за реална монетарна добивка“.
„Рекламите за онлајн обложување водат кон погрешни заклучоци и се чини дека не се во строга согласност со Законот за заштита на потрошувачите од 2019 година, Правилникот за огласување според Законот за регулирање на кабелските телевизиски мрежи од 1995 година и Нормите за новинарско однесување поставени оф Советот за печат на Индија според Законот за Советот за печат од 1978 година“ – стои во соопштението на Министерството за информации и емитување на Индија.
Од министерството понатаму наведуваат дека коцкањето и обложувањето се незаконски во повеќето делови на земјата и дека тие претставуваат значителен финансиски и социо-економски ризик за потрошувачите, а рекламите за онлајн обложување имаат ефект на промовирање на оваа забранета активност.