Како еден од важните аспекти за формирање на корпоративен имиџ на една компанија, големо влијание има корпоративната униформа, односно дрес кодот на вработените.
Имено, таа се јавува како прв фактор, кој произведува впечаток на клиентот и му разјаснува дека конкретната компанија се грижи за својот имиџ и репутација во бизнис кругот. Но и безусловно важи она старото “Никогаш немаш втора шанса да оставиш прв впечаток!”. Уредноста и стилот на вработените дефинитивно играат голема улога при претставувањето, како дел од една компанија која се грижи за својата репутација.
Корпоративната униформа на вработените не служи само за збогатување на имиџот или поддршка на духот на компанијата, туку истовремено е и дополнителен инструмент за рекламирање и промоција на производите и услугите кои се нудат.
Во зависност од дејноста на компанијата стилот на корпоративната облека може да се разликува и да исполнува различни функции. На пример конзервативниот стил е тука да ја нагласи строгата страна на дејноста. Добар пример се институции како банки и вработени во финансискиот и административниот сектор. Додека пак за персоналот во компании кои имаат продажен сектор и директна комуникација со клиенти, најдобро би било да носат гардероба со комуникативен стил. Тука основната дејност е продажбата и комуникацијата со клиентот. Заради тоа е неопходно да се создаде опуштена атмосфера, што се разликува од преходниот пример.
Доколку една компанија се одлучи за корпоративна униформа, без разлика на стилот, најважно е корпоративната облека да биде комфорна и квалитетна. Тоа значи дека ткаенините од кои е изработена треба да бидат со врвен квалитет, како и изработката.
“Нашето производство се основа на високи стандарди и ние како Armarium Group стоиме позади секое изработено парче од наша страна.Подготовката на корпоративна облека на една компанија за нас претставува сериозен процес, потребно е добро чуство за стил, а и богата фантазија и визија.” Но при изработка на корпоративна униформа не треба да се запази само изгледот и функционалноста, од елементарна важност е и удобноста. Како компанија која се грижи за своите клиенти, нашиот тим внимателно ги истражува потребите на клиентот, внимателно избира ткаенини од природно потекло и со заеднички предлози и решенија од нашиот моделарски тим го постигнуваме иделното решение за корпоративна облека.”- велат Елена Костадиновска и Далибор Добревски, основачите на оваа успешна компанија.
Поголемиот дел од асортиманот на Armarium Group се изработува по системот MTM , односно made-to-measure, што значи изработено по мерка. Armarium произведува готови кошули, кошули по Ваша мерка и Ваш дизајн, како и секаков тип на аксесоари и модни додатоци, како што се лептир машни и марамчиња за сакоа, престилки, униформи од секаков тип (одела за готвачи, униформи за угостителски објекти и хотели, униформи за банкарски институции и компании, ХТЗ опрема).
Armarium Group е единствен бренд во Македонија кој што има индивидуално производство во однос на задоволување на Вашите желби. Сите производи од брендот Armarium се изработени од високо квалитетни материјали со потекло од Холандија, Италија и Германија.
Историјата на Armarium Group започнува со главната идеја за производство и продажба на CUSTOM-MADE кошули за индивидуална употреба, но набрзо ја прошири својата дејност и прерасна во компанија која се грижи за изгледот на вработените на повеќето водечки компании во Македонија и на Балканот.
ИНДИВИДУАЛНОСТА Е НОВИОТ ДРЕС КОД! https://www.facebook.com/Armarium.Kosula/