Корпоративниот свет ќе остане со една жена помалку на позицијата Генерален извршен директор, а Pepsi останува без лицето кое ја претставуваше компанијата веќе 12 години.
Компанијата PepsiCo во понеделникот соопшти дека Индра Нуи ќе ја напушти позицијата Генерален извршен директор на 3 октомври, ставајќи крај на својата 24-годишна кариера во компанијата, од кои поливината ги помина на кормилото. Нејзин наследник ќе биде Рамон Лагуарта, сегашен претседател на PepsiCo.
„Растејќи во Индија, никогаш не помислив дека ќе ја имам можноста да водам ваква исклучителна компанија. Огромна беше честа да се води PepsiCo и навистина сум горда на се’ што направивме во изминатите 12 години, не само за интересот на акционерите, туку и за интересот на сите наши потрошувачи,“ кажа Нуи во соопштение до јавноста.
За време на нејзиното водење на компанијата, PepsiCo го прошири својот асортиман со понутритивен спектар на производи и го намали негативното влијание врз животната средина. Нејзиното заминување од позицијата поттикна многу прашања за иднината на жените како лидери во корпоративниот свет.