Последниот проект на агенцијата Nova Solutions опфати целосен дизајн на етикети за производите на новата млекара во Битола – ИМВ-Индустрија за Млеко Велковски.
Во првата фаза ќе се произведува бело кравјо сирење, биено сирење, кравји кашкавал и изварка (урда). Сите производи се произведени од 100% природно млеко, според традиционална рецептура со користење на модерна технологија.
Нова млекара, е лоцирана во Кравари во непосредна близина на Битола. Првите производи ќе бидат бели млечни сирења и кашкавали, а во план е и производство на јогурт и свежо млеко. Производите ќе се пласираат на македонскиот пазар.
Покрај неспорниот квалитет на произведените сирења, секако друг исклучително важен фактор за производите е истите да бидат спакувани на начин за да го привлечат вниманието на купувачите. Високиот квалитет во комбинација со впечатлив дизајн на амбалажата е сигурен клуч за успех на секоја компанија.
“Како инспирација за новиот дизајн на амбалажите е искористен самиот изглед на производот, поточно како истиот, традиционално се сервира во соодветна комбинација со зеленчук”- изјави Мартин Цветановски, графичкиот дизајнер на Nova Solutions.