Пред некое време на PR Daily имаше една добра статија во која го пренесуваат истражувањето на LinchpinSEO во однос на тоа кои “мали“ детали можат да Ви помогнат да ја зголемите интеракцијата во Вашите фанови на сопствената или корпоративната ФБ страна која ја уредувате.
Незнам колку се релевантни заклучоциве, сеуште не сум стигнал да ги тестирам и да ги потврдам…но мислам дека како информација ќе Ви бидат добредојдени.
Во продолжение Ви го претставувам инфографикот кој сугерира “каков знак да употребуваме на крај :)“ , “како да ги скратуваме линковите“ , “каде да биде прашалникот во статусот“ и еден куп други мали “финти“ кои би ни помогнале да ја максимизираме интеракцијата со фановите.
Убаво е да се знаат и да се пробаат ! Споделете слободно уште некоја финта ако знаете.
Јас Веќе пишував на Маркетинг365 блогот еден текст насловен “Како до повеќе лајкови, коментари и споделувања на ФБ?“ , па тамам и со него се надоврзува ова истражувања и Ви дава “топтан информација“ како да го подобрите Вашето менаџирање со ФБ страниците !